Нејмар обвинет за хомофобија, го навредувал и му се заканувал на момчето на мајка си

Пред една недела во домот на мајката на Нејмар, Надин (52) се случила несреќа по која нејзиното момче Тиаго (23) завршил во болница со исеченици на раката.

Идилата во домот на Надин не траеше долго. Откако мајката на Нејмар се смири со 30 години помладото момче Тиаго Рамос, набрзо се случи драма во домот на Надин по која момчето излезе со исеченици на раката, а според сведоците имало расправии помеѓи нив.

Но, тоа не е се, сега излезе и валканиот веш на Нејмар, кој како што пишува „Мундо Депортиво“, фудбалерот на ПСЖ е обвинет за хомофобија.

Се појавија аудиозаписи во кои Нејмар во разговорот со пријателите жестоко го нападнал Тиаго Рамос нарекувајќи го со погрдни имиња као „мал хомосексуалец“ и „копиле“ по што реагирала ЛГБТ заедницата во Бразил и поднела обвинение за хомофобија.

Според ЛГБТ заедницата, Нејмар не застанал само на обвинувањата туку на Тиаго му упатил и смртни закани.

„Кога рекоа дека момчето на неговата мајка е бисексуалец, Нејмар со пријателите разгледувал можност за напад на Тиаго. Тие дури и разговарале и сексуално да го понижуваат момчето на неговата мајка“,стои ви обвинението за Нејмар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот