Фото: EPA-EFE/Andre Borges

Нејмар е сѐ поблиску до враќање во Бразил

Веќе подолго време се зборува за враќање на Нејмар во Бразил, поточно во тимот на Сантош, каде ја започна својата професионална кариера.

Бразилскиот фудбалер наводно се согласи да се врати во клубот од каде што започна сѐ, само сега тоа враќање изгледа најблиску до тоа да биде реално.

Има силен договор со Ал Хилал за кој одигра само два натпревари, но и покрај сѐ ќе бара исплата на целиот договор чија сума воопшто не е мала.

Доброто е што сите страни сакаат Нејмар да се врати во Бразил, бидејќи преселбата во Сантош значително би го олеснила товарот на буџетот на Ал Хилал.

Доколку се реализира овој трансфер и Нејмар навистина стане член на тимот на Сантош, би имал цел да се врати во форма и да биде капитен на бразилската репрезентација на следното Светско првенство кое е закажано за 2026 година во САД, Мексико и Канада.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот