Нејмар: Ако јас не играм на Светското првенство, милиони луѓе нема ниту да го гледаат Мундијалот
Нејмар има голема желба за настап на Светското првенство ова лето кое се игра во САД, Канада и Мексико, а тоа и не го крие.
Препорачано
Сепак, последниот знак од селекторот Карло Анчелоти не беше најдобар за него, имено тој не доби повик за пријателските натпревари против Франција и Хрватска кои за Бразилците беа последни пред објавувањето на конечниот список во мај.
Сега во својата последна изјава тој истакна и дека многу луѓе не би го гледале Мундијалот ако тој не игра.
„Правам сè што е потребно за да бидам во врвна форма. Сакам да играм на Светското првенство и да ја освојам титулата со Бразил, тоа би било остварување на еден голем сон. Ако не настапам, верувам дека милиони луѓе нема да го следат турнирот, не само во Бразил, туку и ширум светот. Суштината на ваквите натпреварувања е да ги соберат најдобрите фудбалери“, изјави Нејмар.
Бразил на Светското првенство ќе игра во групата Ц каде што се уште Мароко, Шкотска и Хаити. Во својата кариера за националниот тим Нејмар досега иам 129 натпревари во кои постигна 79 голови.


