Неговото височество – Велосипед: Големото враќање на омиленото превозно средство

велосипед
Фото: Принтскрин / Instagram/Приватна архива

Без разлика дали возите постар модел или специјално дизајниран за вас, за рекреација, спорт или мода, велосипедот денес го надмина статусот на превозно средство и стана икона.

Во далечната 1884 година, познатиот Марк Твен, во свои доцни четириесетти години, решил да научи да вози велосипед. Со текот на времето, успева во тоа. Без оглед на неговите повреди, Твен промовираше нов спорт: „Земете велосипед“, ги повика тој читателите. „Нема да зажалите ако вистински живеете!“

Во текот на следната деценија, милиони Американци од сите возрасти и занаети ќе се завртат кон педалата. Основаат велосипедски клубови, собираат опрема, компонираат песни, дури и ја корегираа женската мода и ги ревидираа правилата на општествено однесување.При тоа влијанието на велосипедите врз еманципацијата на жените не е занемарливо.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cacá Strina (@cacastrina)

Велосипедот им овозможи на жените незаборавна мобилност, придонесувајќи за нивно поголемо учество во живот на западните нации. На крајот на 19 век, жените ја прифатија нивната зголемена слобода, па начинот на облекување ќе се промени. Долгите здолништа ги спречуваа да ги вртат педалите, а корсетите ги спречуваа да се движат. Здолништата беа скратени, а горните делови станаа широки и изработени од полесни материјали.

 

Денес, велосипедите се сметаат за решение за многу таканаречени социјални болести: загадување на воздухот, глобално затоплување, дебелина, сообраќаен метеж. Тоа е секако еден од најчистите начини на транспорт. Тоа е приближно 50 пати енергетски поефикасно од возењето автомобил и четири пати поефикасно од пешачењето. Тајната на неговиот успех како концепт на транспортно средство е во тоа што со задоволство ги прифаќа сите влијанија и новитети, притоа останувајќи автентичен и лесно препознатлив.

Велосипедизмот повеќе не е само прашање на рекреација или спортување – тој е официјално шик. Го промовираа и познатите манекенки (Еџинс Дејн, Ерин О’Конор, Карли Клос) и познатите креатори (Вивиен Вествуд). Во 2007 година, модната куќа Шанел издаде ограничено издание на велосипед за неверојатни 6.000 фунти. По неа следеше модната куќа Гучи со ограничена серија црвени велосипеди со корпа, инспирирани од Пекинг, за 3.400 долари.

Доколку сакате да изгледате ретро , ​​велосипедот е дел од целокупниот стил. Дури и Вог го промовираше модниот велосипедизам, под слоганот дека велосипедскиот стил е новиот уличен стил. Тие на своите читатели им понудија идеи за комбинации на облека во согласност со велосипедот што го возат. Хипстерската субкултура го промовира и велосипедот како негов задолжителен додаток, т.н фиксна опрема (фикси – без менувач, со цврста врска помеѓу задното тркало и менувачот).

Многу градови и земји денес ја поддржуваат велосипедската култура. Земјите како Данска, Холандија, Германија, Белгија, Шведска, Кина, Јапонија, покрај тоа што признаваат дека се „пријателски за велосипеди“, имплицираат дека велосипедската култура е составен дел од пејзажот. Тоа значи дека имаат добро развиена велосипедска инфраструктура, посебни патеки за велосипедисти, складишта и паркинзи, специјализирани за ова превозно средство. Најпознат град по тоа е Амстердам, каде 63% од Холанѓаните користат велосипед дневно.

За среќа овој тренд станува се поизразен и кај нас па гледаме се‘ повеќе наши сограѓани вљубеници во велосипедот од кои и многу познати ликови:

 

Зорица Црношија

Велосипед возам повеќе од 30 години, од кои 26 – сосема истиот велосипед. Две корпи; една напред наменета за торба, другата назад за лаптоп или други тракатанци, кеси од пазарување, детски реквизити за во парк, шишиња со вода, храна, сенешто… Го обожавам бидејќи е ефтино превозно средство, лесно достапно и со него никогаш не запаѓам во сообраќаен метеж. Еколошки е, па покрај добрите ефекти врз моето здравје, добар е и за целата планета. Го користам и за превоз и за транспорт на нешта, со него одам во пазарување кога до дома треба да довлечкам тешки производи од маркет, до пред некоја година имав и детско седиште… Дел ми е од секојдневието, од животната рутина, од дневната потреба. А во Скопје, како неумесно осмислен град и неплански скроен, убедена сум дека најмалку време и нервози трошам во сообраќај само ако сум на велосипед. Автомобил во Скопје е тешка фрустрација.

зорица црношија
Фото: Зорица Црношија / Извор: Приватна архива

Костадин Шурбановски

Велосипедот е насмевка. Тој е мојот најблизок пријател и сопатник. Со мене е каде и да одам низ град. Колку и да звучи патетично, навистина не би можел да си го замислам животот без него. Луѓето во овој град никако да сфатат дека автомобилот е несреќа. Сообраќајна и лична. Имам автомобил и го возам само кога морам, во крајна нужда. Ене го, паркиран, целиот прекриен со лисја, што доволно зборува колку го сакам. Градот, иако во основа автоцентричен, станува сè поневозможен и понеподнослив за автомобилите. Да не спомнувам паркирање. Велосипедите, од друга страна, конечно доживуваат ренесанса кај нас, што е супер тренд. Тоа е резултат на пандемијата која забрза многу процеси во општеството, но и на подобрените услови за оваа активност, за што веројатно најзаслужни се активистите од неколкуте вело-иницијативи од кои би ја истакнал „На Точак“, кои ревносно, умешно и континуирано им дишат во врат на градските и општинските татковци и мајки… за општо добро!

костадин шурбановски
Фото: Костадин Шурбановски / Извор: Томислав Георгиев

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот