Неговите зборови и го кршеле срцето – Оваа сурова шега принцезата Дијана никогаш не можела да му ја прости на принцот Чарлс!

Фото: Инстаграм/Профимедиа

Нови детали од кралското семејство и работите кои се случиле во минатото испливуваат на површината речиси секој ден…

Откако се родил принцот Хари, принцот Чарлс се пошегувал на еден специфичен начин, само што не очекувал дека тоа ќе го скрши срцето на принцезата Дијана и ќе ги повреди нејзините чувства.

Фото: Инстаграм

Пред да се разведат Чарлс и Дијана, семејниот живот со нивните синови изгледал прилично блажен. Но денес постојано се појавуваат нови работи кои се случиле, а кои всушност длабоко го поткопале бракот. Многу нови детали се појавија и на самиот почеток на распадот на нивниот брак и по самиот распад.

Фото: Инстаграм

Една работа, освен аферата на принцот Чарлс со Камила Паркер, која го најавила почетокот на крајот меѓу нив се случила уште на роденденот на принцот Хари. Работите наводно биле поврзани со фактот дека принцот Чарлс многу посакувал ќерка.

Имено, Чарлс очајнички посакувал второто дете да биде девојче, но Дијана знаела дека ќе добијат син. Извори велат дека таа го чувала во тајност полот на второто дете, но откако Хари бил роден, Чарлс се пошегувал на несоодветен начин.

Фото: Профимедиа

Неговите зборови и го скршиле срцето.

– Чарлс отсекогаш сакаше ќерка, се сеќаваше Дијана во неколку објави.

– Хари беше момче, а неговиот прв коментар беше: О Господе, момче е! Има дури и црвена коса.

Фото: Инстаграм

Принцот Чарлс помислил дека сето тоа ќе се сфати како шега, но принцезата Дијана била повредена, а тешките моменти меѓу нив само се множеле се до распрадот на нивниот брак кој ја дигна целата светска јавност на нозе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот