„Недопрена планина Преспа“: Грција го заштити целиот регион
Со министерска одлука, потпишана од министерот за животна средина и енергетика на Грција, Ставрос Папаставру, пошироката планинска област на Преспа на грчка територија е прогласена за „недопрена планина“, со цел „ефикасна заштита и одржување на подрачјата на мрежата Натура 2000 и на видовите што живеат таму, додека не се одобри Специјалната еколошка студија и не се утврди начинот на користење на земјиштето и правилата за заштита“, објави Катимерини.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
На одлуката се осврна и портпаролот на грчката Влада, Павлос Маринакис, кој рече дека „регионот на Преспа претставува еден од најважните природни екосистеми на Балканскиот Полуостров, каде што се среќаваат значајни типови на живеалишта, водни и шумски екосистеми со висока биоразновидност и речиси целосно е во рамките на две заштитени области на мрежата Натура 2000“.
Нејзината еколошка вредност е уникатна, бидејќи е дом на богата флора, вклучувајќи ретки и ендемични видови, како и значајни видови на диви животни, како што се кафена мечка, волк, дива коза и голем број видови на птици. Паралелно водните живеалишта на Преспанските езера обезбедуваат клучни живеалишта за ретки видови водни и крајбрежни птици, соопштија од Министерството за животна средина и енергетика на Грција.
Со дополнителните услови и ограничувања на областа на Преспа, намерата е да се обезбеди институционално високо ниво на заштита, кое вклучува, меѓу другото и „спречување на промена на користење на земјиштето, што е главната причина за губење на биодиверзитетот и шумските ресурси на глобално и европско ниво, спречување на фрагментација на природните и шумските екосистеми од патишта и вештачки површини, како и зачувување на видовите на живеалишта и видовите флора, диви животни и птици кои се среќаваат во конкретната област“.
Мицкоски од Давос најави заживување на енергетските проекти „Чебрен“, „Галиште“, „Бошков Мост“…


