Неделковски: Во мое име, и во име на ФК Вардар се извинувам што испеавме вулгарна, навивачка песна
Играчите на Вардар во петокот и официјална стана шампион за сезонава во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).
Препорачано
Скопските „црвено-црни“ предводени од тренерот Гоце Седлоски триумфираа над Струга со 1:0.
За новиот првак останува уште еден натпревар, на 23 мај на домашен терен ќе ја пречека тетовска Шкендија.
По триумфот над Струга, следуваше големото славје кај играчите на Вардар кој повторно е на врвот по цели шест години.
Во текот на славјето, на социјалните мрежи излезе видео во кое се гледа како играчите ја слават титулата и со вулгарна песна кон Битола.
Извршниот директор на ФК Вардар, Миленковски Неделковски се огласи на социјалните мрежи со извинување поради тоа што се случи за време на славјето:
– Во мое име пред сѐ, а и во име на клубот, ѝ се извинувам на Каролина Гочева бидејќи во еуфорична прослава испеавме стандардна, но за жал вулгарна, навивачка песна. Но, од машка гледна точка, а имајќи ја предвид Битола, кому таква песна да пееме? Нa Весна Бендевска ли? Во Вардар играат и работат мажи со префинет вкус – стои во објавата на Неделковски.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
39мин
-
1час
-
3час
-
3час
-
4час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


