Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Неделава ќе биде необично топло за декември

Променливо облачно со сончеви периоди и температури повисоки од просечните за декември, најавуваат синоптичарите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Претпладне во некои котлини ќе има магла. Ќе дува слаб, a долж Повардарието умерен северен ветер.

Во понеделник, според прогнозата на УХМР, највисоката температура ќе достигне 14 степени.

Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на слаба магла. Во текот на денот променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од северен правец.

До четврток времето ќе се задржи сончево со мала до умерена облачност и речиси пролетни температури до 17 степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ