Илустративна фотографија

Недела веќе нема да биде неработен ден во Црна Гора: Уставниот суд пресече во корист на трговците

Уставниот суд на Црна Гора го укина како неуставен членот од Законот за внатрешна трговија кој им ја забранува работата во недела на некои бизниси, објави „Вјести“.

Судот оцени дека со таа одредба се нарушува слободата на претприемништво загарантирана со Уставот, како и уставниот принцип на еднаквост на сите пред законот, бидејќи на една група претприемачи и трговци им било дозволено да вршат дејност во недела и за време на државни и други празници, додека, пак, на друга група тоа ѝ било забрането, соопшти Уставниот суд.

„Со Уставот прецизно се утврдени причините поради кои може да се ограничи слободата на претприемништво (заради заштита на здравјето на луѓето, животната средина, природните богатства, културното наследство или безбедноста и одбраната на Црна Гора) и законодавецот не може самостојно да воведува нови ограничувања надвор од тие уставни основи, ниту, пак, без јасно утврдена легитимна цел во јавен интерес“, се наведува во соопштението.

Газдите не престануваат со притисоците да се работи во недела, синдикатите не ја даваат

Со тоа што законодавецот на една група претприемачи (аптеки, слаткарници, пекарници, киосци за печат, сувенирници, цвеќарници, продавници за погребална опрема, продавници за заштита на растенијата, бензински пумпи, пазари итн.) им дозволил да работат, а на друга не, една група стопанственици ја ставил во нерамноправна положба во однос на другата, се појаснува.

„Ваквата забрана нема објективно и разумно оправдување, од аспект на уставната обврска на државата на сите претприемачи да им обезбеди еднаква положба на пазарот. Дополнително, забраната за работа во недела и за време на државни и на други празници само за одредени трговци доведе до ограничување на човековите права и слободи и до повреда на уставниот принцип на согласност на правните прописи“, велат од Судот.

Судот наведува дека секое ограничување на човековите права и слободи мора да биде во рамките на Уставот, да има јасна легитимна цел во јавен интерес и да биде пропорционално на целта што се настојува да се постигне.

Во конкретниот случај, Уставниот суд утврдил дека при донесувањето на укинатата одредба не била образложена причината зошто е потребно и оправдано да се забрани работата на трговијата на големо и мало во недела и за време на државни и други празници, ниту, пак, зошто се предвидени исклучоци од таа забрана.

Синдикалците на протест за повисоки плати, бараат минималец од 600 евра

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот