Неда Украден со совршена линија и во осмата деценија: Го сакам „Липо“ системот на слабеење зашто дава брзи резултати

неда украден
Неда Украден / Фото: Промо

Откако качила неколку килограми повеќе за време на корона-кризата и домашната изолација, кога времето најчесто го поминувала во кујна, пејачката брзо ги стопила масните наслаги со помош на „Липо“ напивките и липосукциската исхрана.

Со својот изглед во осмата деценија од животот, на легендарната пејачка Неда Украден може да ѝ позавидат и нејзините двојно помлади колешки. Таа отворено зборува дека за периодот на пандемијата, кога нејзиниот дневен ритам значително се променил, се променила и стрелката на вагата – отишла нагоре.

Тогаш го вклучила алармот, решила да го симне вишокот килограми, а изборот паднал на веќе проверената липосукциската исхрана, за која Неда вели дека ја практикува секогаш кога ќе се здебели зашто дава брзи резултати. Сметајќи на овој диететски третман, таа никогаш не си дозволила да се здебели премногу, туку секогаш навреме реагирала. Така и овој пат.

„Одлучив килограмите да ги загубам со помош на проверената липосукциска диета. На секои четири часа пиев здрави напивки и најчесто јадев месо и многу салата. Сакам да подготвувам риба, затоа често е на моето мени. Не сум некој што вообичаено јаде премногу, па така оваа диета не ми падна тешко. За многу кратко време ослабев четири килограми и сега сум целосно задоволна од својот изглед“, се пофали пејачката.

Неда, која инаку има и внуци, е позната како негувана жена што секогаш се грижела за својот изглед. Вели дека кога била помлада, слабеењето ѝ било лесно, но денес, кога ништо не помага, тука е липосукциската исхрана.

„Се трудам во овие години првенствено да се грижам за здравјето, па со самото тоа и за својот изглед. Кога ќе забележам дека имам вишок килограми, веднаш му ѕвонам на мојот пријател нутриционистот Кенан Мандра да ми ги донесе моите „Липо“ прашоци, со кои за кратко време ја враќам линијата во ред. Ми се допаѓа тој систем на слабеење, зашто дава брзи резултати, а не се чувствувам исцрпено и во текот на режимот не сум гладна. Настојувам да јадам медитеранска храна, ја подготвувам на начин сè да биде динстано или варено, додека намирниците мора да бидат свежи. Важно ми е да останам во добра форма. Одлично се чувствувам сега кога ги исфрлив слатките и другите нездрави намирници. Имам многу повеќе енергија, па полесно ги завршувам деловните обврски“, раскажува Неда.

На прашањето, пак, дали има посебни ритуали за нега, таа одговара:

„Утрото го почнувам со чаша млака вода, во која цедам половина или цел лимон. На тоа додавам куркума и пијам една капсула GE132. Потоа пијам голем филџан турско кафе без шеќер, а за тоа време ги читам пораките, гледам вести, а потоа правам утринска гимнастика.“

Закажете бесплатен совет и консултација во „Липо диет“ центарот на „Интернешнал хелт“ Македонија (на улица „Димитрие Чуповски“ број 22, спроти поранешен „Мекдоналдс“) или јавете се на телефоните 02 3151714, 070 535033. Протоколот за слабеење може да го нарачате и на домашна адреса.

 

 

*кОМЕ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот