Неда Арнериќ се врати на сцената, ама се врати и во вистинскиот живот. Ни доаѓа во Битола!

Легендарната глумица Неда Арнериќ, по подолго време, се врати на сцената, но се врати и во вистинскиот живот.


Со новата театарска претстава „Се извинуваме, многу се извинуваме“ на 13-ти октомври, недела, во 20:00 часот ќе настапи во големата сала на Центарот за култура во Битола, заедно со својот колега Феџа Стојановиќ, а повод е 39-тиот роденден на институцијата.

Станува збор за култната ТВ драма која во 70-тите години беше одлична забава за цели генерации кои уживаа да ја гледаат, тогаш Милена Дравиќ и Слободан Ѓуриќ на црнобелите ТВ приемници. После цели 40 години, друг одличен актерски пар, Неда Арнериќ и Феџа Стојановиќ на сцената на театарот Карт бланш, овојпат како театарска претстава го играат текстот на Милан Николиќ. За оваа претстава актерите добиваат бурни и долги ракоплескања од публиката ширум регионот.

-Текстот на претставата се однесува на луѓето во постари години кои бараат сродни души. Јас од своето животно искуство би порачала: Луѓе, не се откажувајте од животот, дури и кога ви е најтешко, кога сте оставени сами, кога никому не му требате. А, тоа е само привидно. Бидејќи повторно ќе најдете некој со кој ќе го поминете остатокот од животот, со кого ќе ви биде убаво, рече Неда Арнериќ.

Претставата е дел од „Културно мени“, програмата за овогодинешниот 39-ти роденден на центарот за култура во Битола. На „менито“ има 39 настани кои вклучуваат театарски претстави, изложби, концерти, промоции на книги и кино проекции, со тоа што се очекуваат голем број на посетители од целата држава.

-Драго ми е што има голем интерес за сите настани, горда сум на нашата институција и на целиот тим кој работиме заедно. Следниот месец имаме убав настан а тоа е Фестивалот на музика од светот кој од 15-ти до 17-ти Ноември ќе се одржи по 11-ти пат за кој наскоро ќе ја објавиме програмата. За фестивалот во план се гостувања на две исклучителни музички ѕвезди, еден бенд составен од врвни музичари од нашата земја, како и Камерниот оркестар од Битола“ истакна Маја Андоновска-Илијевски, директорка на НУ Центар за култура – Битола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот