НЕ ВОЗЕЛ СО 237 КМ НА ЧАС: Што се случило со фудбалерот Рејес? (ВИДЕО)

komanda.az

Рејес управувал со возило кое излетато од патот во близина на Севиља. Според првичните извештаи по истрагата, неговиот „Мерцедес Брабус“ од 550 коњски сили се движел со 237 километри на час.

Рејес загубил контрола над автомобилот, удри неколку блока надесно, се превртел неколку пати по што автомобилот се запалил.

Но, во вторникот се појави нов детал од истрагата, кој целосно ги негира претпоставките дека за несреќата е одговорна преголемата брзина. Според новиот извештај, Рејес се движел помеѓу 111 и 128 километри на час, што е во границите на дозволеното на автопатот, информира „Радио Антена 3“.

– Рејес направил сè зад воланот за да ја избегне несреќата, но тоа сепак било невозможно – изјави Мирјам Моја која ја истражуваше оваа несреќа.

Единствениот преживеан во несреќата е Хуан Мануел Калдерон, кој се здоби со изгореници на две третини од своето тело.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот