Не успеа Јунајтед: Санчо со „милионерите“ во Швајцарија!

фото: твитер

Англискиот фудбалер е на списокот играчи кои ќе бидат дел од подготовките на Борусија Дортмунд пред почетокот на новата сезона.

Претходните денови се шпекулираше дека можно е Џејдон Санчо да се пресели во редовите на Манчестер јунајтед.

Како што информира „Билд“, на англискиот клуб му беше поставен рок до 10 август да одлучи дали сака да плати 120 милиони евра за реализација на трансфер.

Денеска е објавено дека Санчо одлучи да замине на подготовки со Борусија, и отпатува со „милионерите“ во Швајцарија.

„Црвените ѓаволи“ не успеаја летово да ги обезбедат услугите на играчот, иако наводно се договориле двете страни околу личните услови и дека наскоро ќе биде потврден петгодишен договор вреден 88 милиони евра.

Првите луѓе од „Олд Трафорд“ и натаму ќе бидат активни на трансфер пазарот, според „Дејли Мејл“ сега ја следат ситуацијата со крилниот фудбалер на Јувентус, Даглас Кошта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот