Не се знае следниот Бонд, но еве која е новата Бонд девојка!
Сè уште се шпекулира за кој ќе биде следниот Џејмс Бонд откако Даниел Крејг се повлече од службата како агентот 007, но барем знаеме која девојка би можела да е негов љубовен интерес.
Во улога на нова Бонд девојка, Бела Хадид ја претстави специјална колекција на костуми за капење на Мајкл Корс насловена ММК Х 007. Се работи за лимитирана едиција која „го оживува гламурот, интригата и енергијата на Бонд филмовите“.
View this post on Instagram
Новата Бонд девојка излегува како Венера од „infinity“ базенот, во видео кое е омаж на легендарните Бонд девојки од симболичните филмски изданија.
Нè потсетува на Хани Рајдер, одглумена од Урсула Андерс, и нејзиното излегување од морето во првиот Џејмс Бонд филм „Dr. No“ во 1962 година додека Шон Конери лежи под Јамајканска палма.
View this post on Instagram
Од морето излезе и Хали Бери, во улогата на Џинкс во „Die Another Day“ во 2002 година, додека Пирс Броснан ја набљудуваше низ двоглед.
View this post on Instagram
А иконична е и сцената на последниот 007 агент, Даниел Крејг, кога во неговиот прв Бонд филм „Casino Royale“ се појави од океанот и направи скептичната публика од фанови конечно да го прифати за улогата.
„Како се чувствувам за излегувањето на „No Time To Die“ и тоа што ние конечно можеме да го пуштиме нашиот 007 x „Michael Kors“ филм режиран од Брандо Дезика. Чувствувам голема чест да сум вклучена во нешто волку специјално како ова! Работењето со тимот на Бонд беше исполнување на сон“, напиша манекенката Хадид.
View this post on Instagram
Колекцијата содржи ретро-инспирирани костуми за капење со раскопчан патент на деколтето и колан со тока со златни детали, кои се спаруваат со куферите и чантите од новата колекција на Мајкл Корс, а на тајната мисија за лимитираната капсула на Бела ѝ се придружува и манекенката Синди Бруна.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram