Не престануваат нападите поради црната Клеопатра, има барање да се блокира Нетфликс во Египет

Фото: Инстаграм/Џејда Пинкет Смит

Реакциите за црната Клеопатра во новата серија на филмската платформа Нетфликс не стивнуваат. Откако ги налути твитерџиите, сега работите стануваат посериозни.

Имено, адвокат поднесе тужба против компанијата „Нетфликс“ за кршење на законите за медиуми и обид да го „избрише египетскиот идентитет“, а најпознатиот египетски археолог инсистира дека Клеопатра имала „бледа кожа, а не црна“. И продуцентите на докудрамата велат дека потеклото на Клеопатра е сомнително.

Клеопатра е родена во Александрија во 69 п.н.е. и била последната кралица од династијата основана од Птоломеј, генерал на Александар Македонски. Птоломејската династијата зборувала на грчки јазик.

Таа го наследила тронот од нејзиниот татко Птоломеј XII и владеела до нејзината смрт дваесет години подоцна. После тоа, Египет потпаднал под римска доминација. Идентитетот на мајката на Клеопатра е непознат, а историчарите веруваат дека е можно таа да била домородна Египќанка или од некој дел на Африка.

Клеопатра во серијата на Нетфликс ја игра Адел Џејмс, која е од мешана раса и африканско потекло. Продуцентите велат дека тоа е одраз на „вековната дебата за расата на Клеопатра“.

Џејда Пинкет Смит, американска актерка која е наратор и продуцент на оваа драма, изјави: „Не гледаме или слушаме често приказни за црните кралици, и на мене, на ќерка ми и на нашата заедница ни е многу важно да се знае за таквите приказни“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот