Не, не станува збор за опклада: Трчал околу креветот повеќе од 10 часа! (ВИДЕО)

принтскрин

Русинот Дмитриј Јакухњи, искусниот ултрамаратонец, трчаше околу својот кревет повеќе од десет часа во обид да копира ултрамаратон од 100 километри.

Тој овој месец планирал да трча маратон во Сахара во должина од 205 километри, но наместо тоа тој се наоѓа во домот во Владивосток, бидејќи трката е одложена за септември поради пандемијата на коронавирусот.

Јакухњи во саботата поминал 10 часа и 19 минути трчајќи околу брачниот кревет во својот стан, Претрчал нешто повеќе од 100 километри.

Тој изјавил дека го инспирирал Французинот кој минатиот месец трчаше маратон на својот балкон, но дека одлучил да оди чекор понатака.

Трчањето во затворен простор било голем предизвик.

– Започна да ми се врти во главата, ногата ме болеше од едната страна, па така на секои 100 км ја менував насоката во која трчав, изјави тој.

– Имав поддршка од семејството. На ултрамаратон обично трчате со ранец во кој имате вода и храна. Овде само мафтав со рака и сопругата ми готвеше нешто, децата ми беа морална поддршка, но сопругата беше и диџеј, постојано ја менуваше музиката, додаде тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот