Фото: Слободен печат / Слободан Ѓуриќ

Не му кажале на Мицкоски дека сега никој не може да го собира отпадот во Скопје, вели Арсовска

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, вечерва на социјалните мрежи напиша дека на премиерот Христијан Мицкоски не му кажале дека со притворувањето на директорот на „Комунална хигиена Скопје“ и уште еден раководител, сега во претпријатието нема кој да потпишува за да може да се собира отпадот во главниот град.

На директорот на КХС Сабахудин Рустеми и раководителот во КХС Аки Саити, кои вчера беа уапсени, денеска им беше одреден притвор од 30 дена, а тие се товарат токму за алармантната ситуација со ѓубрето во Скопје.

„Во режијата на МВРО на Мицкоски за приведување на директорот на Комунална хигиена, заборавиле на ДИКТАТОРОТ да му кажат дека сега нема кој да потпишува во претпријатието, за да може и со тие неколку камиони што не успеале да ги саботираат да се собира отпадот. Почитуван РЕЖИМСКИ ДИКТАТОРУ, бидејќи вети за 72 часа ќе бил исчистен отпадов, ајде таман денес вторник, дај име од утре за директор бидејќи овој што не ти чинеше го уапси, да видиме кој е тој ТВОЈ јунак што ќе го исчисти за три дена градот. Таман до петок пред избори да е чисто, гордо во недела да те гласаат сите“, пишува Арсовска во објава на социјалните мрежи.

Приведени директорот на „Комунална хигиена Скопје“ и уште еден раководител

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот