Фото: ЈП „Комунална хигиена“

Директорите на „Комунална хигиена“ одат во притвор

Директорот на „Комунална хигиена Скопје“, Сабахудин Рустеми, и Аки Саити, раководител на секторот за управување со отпад во ова претпријатие, кои вчера беа уапсени и се товарат за ситуацијата со ѓубрето во главниот град, одат во притвор 30 дена, откако судот го прифати предлогот на Обвинителството.

„Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на ОЈО Скопје за определување мерка притвор против две лица, за кои постои основано сомнение за кривичното дело од чл. 230 ст.1 од КЗ – Загрозување на животната средина и природата со отпад, кои попладнево беа спроведени во судот, по нивно произнесување во присуство на Јавниот обвинител и нивни бранители донесе решенија со кои го прифати предлогот и на двете лица им определи мерка притвор во траење од 30 дена“, соопшти Кривичниот суд.

Раководителите на јавното претпријатие имаат право на жалба на судското решение.

Приведени директорот на „Комунална хигиена Скопје“ и уште еден раководител

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот