Не можете да заспиете? Овој природен лек делува подобро од апчињата за спиење

профимедиа

Се прави од шест моќни намирници од природата.

Како последица на брзиот начин на живот исполнет со стрес, нездрава и брза исхрана и недоволно движење, сè почесто имаме неквалитетен сон, а многумина ги мачи несоницата. А веќе следниот ден сме уште поуморни од минатиот, со тоа и уште понервозни и повеќе подложни на стрес.

За да го прекинеме овој круг на несоница и стрес од кој како да не можеме да излеземе, особено не свежи, потребно е да го релаксираме и прочистиме телото.

Зелениот сок е напивка која е најдобар сојузник за опуштање и прочистување на телото, а се прави од шест моќни намирници од природата.

Се подготвува лесно и брзо, може да се направи и во поголема количина за дозата да трае до два – три дена доколку се чува во фрижидер.

Се пие наутро и после ручекот.

За да подготвите една чаша (или една доза) од зелениот сок потребно е – 1 краставица, 1 ѓумбир, 1 лимон, 2 целера, 1 зелено јаболко, 9 стебленца аспарагус.

Како да го подготвите?

Аспарагусот потопете го во ладна вода пет минути, краставицата, лимонот и јаболката излупете ги и исечкајте ги на парченца. Така исечкани ставете ги во блендер и додадете го ѓубмирот и целерот.

Аспарагусот изобилува со витамини, но и со фолна киселина која помага за смирување на организмот. Целерот содржи минерали кои го смируваат нервниот систем, а дополнително поради магнезиумот кој исто така го содржи помага во опуштање на организмот. Ѓумбирот помага од телото да се исфрлат наталожените токсини, додека краставицата го намалува крвниот притисок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот