Не можете да спиете од неподносливите горештини? Германски експерт го има решението за ова топло лето

горештини спиење инсомниа
foto> unsplash

Изминатиов период се соочуваме со неподносливо високи температури. Со тоа, многумина сме сведоци дека најголема „жртва“ на горештините се добриот сон и одмор во текот на ноќта.

Германскиот експерт за спиење Ханс-Гинтер Вес, вели дека утрото по непроспиена ноќ е често придружено со колективно зевање.

Но, она што повеќе ме загрижува е дека сето ова може да предизвика поголем ризик од несреќи на работа или на пат или бројни грешки при извршување на дневните задачи“, предупредува шефот на германскиот Интердисциплинарен центар за спиење.

спиење, девојка

Постојат неколку начини кои би можеле да ви помогнат да се чувствувате попријатно за време на топлите ноќи, особено во отсуство на климатизација.

Сè се сведува на соодветна вентилација. Затворете ги прозорците и ролетните во текот на денот и отворете ги пред да одите во кревет“, вели Вес.

Друг совет е, иако звучи малку парадоксно, да се напиете нешто топло.

Ако пиете нешто топло пред спиење, помала е веројатноста да се потите“, вели овој експерт. Доколку мислите дека топол туш не е добра идеја, грешите, затоа што топлата вода ќе ги отвори порите на кожата и потоа ќе ви обезбеди чувство на свежина.

спиење

Вес советува да се избегнува консумирање алкохол во текот на топлите денови, особено навечер, пред спиење.

Пиењето алкохол навечер може да има психолошки, релаксирачки ефект, но исто така ги шири крвните садови и го поттикнува ноќното потење“, вели тој. Одбегнувајте ги таблетите за спиење, затоа што можат да создадат зависност.

Нашите тела можат да издржат неколку ноќи со помалку сон, додава германски експерт. Во суштина, како што вели, обидете се да најдете начини како да си помогнете и барем малку да уживате во потоплото време, дури и ако тоа ви го ремети сонот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот