„Не ми оди“: Ник Кејв подготвува нов албум

Ник Кејв/ Фото EPA-EFE/Olafur Steinar Gestsson DENMARK OUT

Ник Кејв на својот блог „The Red Hand Files“ објави дека почнал да пишува песни за новиот албум на „Bad Seeds“ но дека не е задоволен од она што го направил досега.

„Тоа се и добри и лоши вести. Добри вести – затоа што фановите очекуваат нов албум на „Bad Seeds“? Лоши вести – затоа што морам да го напишам проклето нешто. Почнав да пишувам во 9 часот наутро на 1-ви јануари. Сега е 6-ти јануари, Помина речиси една недела и напишав неколку работи, но тие не се многу добри, или можеби се, тешко е да се каже. Имаше еден вид мрморење, трајно и предвидливо“, напиша познатиот австралиски музичар.

Поминаа четири години откако австралискиот музичар и „Bad Seeds“ го објавија „Ghosteen“ (2019), по што следуваше „B-Sides & Rarities (Part II)“ во 2021 година.

Оттогаш Кејв е зафатен со соло проекти, соработувајќи со Ворен Елис на нивниот заеднички албум „Carnage“ (2021) и изговорениот збор „Seven Psalms“ (2022).

Бред Пит за првпат ги изложи своите скулптури, заедно со музичарот Ник Кејв

Минатата година, Кејв изложи сет од керамички скулптури во финскиот музеј Сара Хилден заедно со Бред Пит

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот