Бред Пит за првпат ги изложи своите скулптури, заедно со музичарот Ник Кејв

Фото: Профимедиа

Американскиот актер Бред Пит дискретно ги претстави своите скулптури на групна изложба минатиот викенд во Финска.

„Беше возбудливо и прекрасно“, рече Саријан Соиконен, кустос на Музејот на современа уметност во Тампере, третиот по големина град во Финска.

Актерот, кој е самоук скулптор, на групна изложба во музејот првпат изложи свои девет дела, скулптури од бронза, карбонски фигури и скулптури направени од кора од дрво.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Matthias Arndt (@m.arndt)

На големо изненадување на Финците, кои не се навикнати на гостувањата на холивудските ѕвезди, актерот во саботата на изложбата дојде во придружба на австралискиот музичар Ник Кејв, кој изложи и дел од неговите скулпторски дела.

„За Ник и јас, тоа е еден нов свет и нов пристап. Едноставно, чувството е многу убаво“, изјави Пит за финските медиуми, кои не беа информирани за неговото доаѓање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот