Не ја оштетува косата, не чини многу, а резултатите се неверојатни: Направете сами природна фарба за коса! (РЕЦЕПТ)

Фризерите во моментот не работат, но и без нив вашата коса може да изгледа одлично…

Иако сме во изолација, тоа не значи да се откажеме од средувањето.

Ова решение е одлично, бидејќи никако не може да ви ја оштети косата, а ќе изгледате како штотуку да сте излегле од салон. Со оваа техника ќе ја освежите бојата и ќе и го вратите сјајот. Доколку имате кафена или црна коса, следете ги упатствата. Се што ви е потребно е кафе.

Постапката е едноставна, сварете кафе вообичаено како што го варите кога пиете. Во зависност од должината на косата, потребно ви е меѓу 250 и 500 мл од овој црн напиток.

Откако ќе го сварите, оставете го да се олади. На 250 мл кафе додадете две лажици балзам и добро измешајте.

Намачкајте ја косата со природната „фарба“ за коса, детално и полека, па оставете ја да отстои еден час замотана во целофан. Потоа измијте ја, без додавање на шампон.

Доколку сакате уште потемна нијанса, повторете ја постапката. Со оглед на тоа дека во овој случај не се користат хемикалии, нема страв од оштетување на косата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот