Фото: Пекселс

Не фрлајте ја кората од мандарина: Три докажани начини како да ја искористите – лек за грло, третман за габички…

Иако обично ги фрламе, лушпите од мандарина се богати со хранливи материи! Само 10 грама кора од мандарина содржи 3 отсто од препорачаниот дневен внес на влакна, 2 отсто од препорачаниот дневен внес на витамин Ц, а исто така содржи железо, калциум, многу антиоксиданти, нема масти…

Постојат многу начини на кои може да се употреби, а експертите ви претставуваат три докажани начини како да ја користите кората од мандарини.

Стручњаците советуваат да се користи само кора од домашни, непрскани мандарини, за да се избегнат штетни хемикалии.

1. Чај од кора од мандарина

Чајот од кора мандарина помага во намалување на холестеролот, а добра е за превенција на хронични болести. Покрај тоа го зајакнува имунитетот, го подобрува варењето и позитивно влијае на здравјето на кожата, срцето и мозокот.

Сè што е потребно е да излупите мандарини, да ја ставите кората во херметички затворена тегличка и да ја чувате на темно и ладно место најмалку еден месец. Потоа, кога кората ќе се исуши, земете неколку од нив и прелијте со врела вода, па оставете да отстои покриено пет минути. Можете да ја засладите со мед, а може чајот од кора од мандарина да го мешате со други чаеви, идеално е со црн чај.

2. Против габични инфекции на кожата

Ако сте имале или имате габични заболувања на кожата, за да ја спречите, но и излекувате состојбата, истријте ја кожата со кора од мандарина двапати неделно во текот на четири недели. Ова е особено популарен трик во случај на габички на стапалата.

Познато е дека кората од мандарина има антибактериски својства и ефект на благ пилинг. Обезбедува и нега, боженствен мирис и помага во регенерација на оштетената и сува кожа на петите.

3. Ако имате воспалено грло или кашлица

Измелете 50 грама кора од мандарини и ставете во стаклена тегла.

Мелената кора од 50 грама ставете ја во тегла и наполнете со чаша вотка или со 40 отсто алкохол. Теглата добро затворете ја и оставете ја да отстои седум дена на темно место. Откако ќе отстои, се консумира по една лажица по оброк, а потоа и една лажица мед.

Кората од мандарина е едноставен, природен начин да ја искористите целата моќ на овој вкусен цитрус и да ги подобрите здравјето и благосостојбата на организмот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот