Сол во јадењето - Фото: frantic / Alamy / Profimedia

Не фрлајте храна: Еве како да спасите пресолено јадење со неколку едноставни трикови

Секому му се случило барем еднаш да претера со солта при готвењето, а помислата да се фрли цел оброк навистина не е пријатна. За среќа, постојат неколку проверени и лесни начини со кои можете да го подобрите вкусот и да го спасите јадењето.

Еден од наједноставните трикови е додавање малку шеќер. Само прстофат бел или кафеав шеќер може да помогне да се балансира прекумерната соленост. Наместо шеќер, можете да користите и природни засладувачи, како јаворов сируп, кој исто така ја ублажува солта.

Зеленчукот е уште еден одличен сојузник во вакви ситуации. Доколку сте пресолиле супа, сос или гулаш, додадете цела главица кромид, морков или излупен компир. Зеленчукот ќе ја впие вишокот сол, а пред крајот на готвењето едноставно извадете го.

Стар и ефикасен трик е и употребата на јаболко. Излупеното јаболко ставете го во јадењето и оставете го некое време да ја впие солта, а потоа отстранете го.

Доколку рецептот го дозволува, можете да додадете и млечни производи, како павлака за готвење или полномасно млеко. Тие содржат природни шеќери кои ја намалуваат соленоста и го прават вкусот поблаг и попријатен.

Со овие едноставни совети, пресоленото јадење нема потреба да заврши во канта, туку може повторно да стане вкусен и пријатен оброк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот