Фото: илустрација / Слободен печат

Не е само Цементарница, вели Ѓорѓиевски – има и други што треба да се селат од Скопје

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, даде целосна поддршка за заклучоците на Советот за справување со аерозагадувањето, меѓу кои е и согласноста фабриката за цемент „Титан Усје“ да се премести надвор од градот.

Ѓорѓиевски смета дека Цементарницата, сепак, не е единствениот проблем, туку дека сите индустриски погони, како тие во Железара, фабриките за кабли и одредени отпади, мора постепено да се дислоцираат од урбаното подрачје.

Инспекциите, вели градоначалникот, веќе изрекле казни од по 53.000 евра за индустриски капацитети со Б-дозвола кои не ги почитувале еколошките стандарди. Тој тврди дека контролите на терен се постојани и одговорни.

Се планира итно проширување на топловодната мрежа за да се опфатат сите згради и куќи во центарот кои се уште не се приклучени, а интензивно се работи и на гасификацијата.

„Повеќе од 30 години само се констатира проблемот, но ништо не е помрднато од мртва точка. Време е конечно да изградиме систем кој ќе ги промени работите“, рече Ѓорѓиевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот