Не чекајте да ги набавите – Пет домашни билки кои одлично влијаат на вашето здравје

Летото е тука, а со летото веруваме дека веќе одамна вашиот двор е уреден и засаден со цвеќиња, доколку немате двор, сигурно сте се погрижиле вашата тераса да има неколку билки кои ќе ви го прават попријатно седењето и уживањето на неа. Но, и домот треба да е украсен со билки, особено со овие пет, бидејки токму овие пет билки одлично влијаат на нашето здравје.

Алое вера

Позната како “билка на бесмртноста” помеѓу Египќаните, оваа билка традиционално се чувала покрај вратата за да го штити домот од зли духови и да внесе позитивна енергија. Од научно гледиште, алое верата го прочистува воздухот од вообичаените канцерогени честички и емитува кислород навечер, со што помага во подобрување на сонот и намалување на вознемиреноста. Исто така, откриено е дека алое верата го подобрува помнењето и ја ублажува депресијата.

Спатифилум или мирен лилјан

Со своите впечатливи, скулптурни бели цветови, оваа билка освен што е прекрасен украс, има и смирувачко дејство. Позната е по ефикасното неутрализирање на отровните гасови како што се јаглерод моноксидот и формалдехидот. Во суштина, спатифилумите се органски прочистувачи на воздухот кои ќе го направат вашиот дом пријатно место за одмор.

Лаванда

Оваа билка, илјадници години се користела за медицински цели бидејќи ги смирува нервите, ја ублажува главоболката, ја спречува несоницата и помага во лекување на депресијата. Нејзиниот мирис има главна улога во ароматераписките третмани, а едно истражување од 2009 година открило дека мирисот на лаванда има благотворно дејство врз намалување на пулсот во стресните ситуации.

Босилек

Освен убавите, нежни листови и опојниот мирис, омилената свежа билка исто така содржи големи количини на органска материја наречена линалул, која обично се користи во ароматерапијата. Со тоа, тим од јапонски научници спровел лабораториско истражување врз глувци и открил дека изложеноста на линалул го намалува зголеменото ниво на стрес и вознемиреност.

Бршлен

Оваа билка е исклучително ефикасен прочистувач на воздух. Научниците од НАСА го нарекле бршленот “една од најдобрите билки на светот за прочистување на воздухот”. Тој е исклучително ефикасен во елиминирање на смогот или секундарниот чад во затворен простор. Додатен плус е фактот дека оваа билка е исклучително лесна за одржување бидејќи не бара многу вода ниту светло за нејзиниот раст.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот