Фото: скриншот

Не бев загрижен, живееме во луд свет, вели Трамп по пукањето во хотелот

Пукањето на вечерата на Здружението на дописници од Белата куќа се чини дека е трет обид за атентат со кој се соочи Доналд Трамп, по инцидентите во Батлер, Пенсилванија во јули 2024 година и во неговиот голф-клуб во Флорида во септември истата година, пишува Би-би-си.

Но, во интервју за „60 минути“ за Си-би-си Њуз, Трамп изјави: „Не бев загрижен. Го разбирам животот. Живееме во луд свет“.

Запрашан за редоследот на настаните – при што Џеј Ди Венс прв бил изведен од просторијата во хотелот – Трамп рече дека „не им ја олеснувал работата“ на агентите на Тајната служба да го евакуираат.

„Сакав да видам што се случува… И во тој момент почнавме да сфаќаме дека можеби станува збор за сериозен проблем“, рече Трамп.

Прашан за тоа што „легнал на под“ додека го изведувале од просторијата, Трамп одговори „Почнав да одам со нив (безбедносниот тим). Се свртев, почнав да одам, и тие рекоа: ‘Ве молиме легнете. Ве молиме легнете на под.’

„Така што легнав, а и првата дама исто така легна“, посочи претседателот.

Си-би-си Њуз објави за пишан документ за кој се верува дека е поврзан со осомничениот Кол Ален, во кој се наведува дека сакал да ги таргетира членовите на администрацијата на Трамп „од највисокорангираните до најниските“.

За време на интервјуто во „60 минути“, Трамп се вознемирил кога новинарката Нора О’Донел го прашала за наводната содржина на тие записи, кои вклучуваат и спомнување на „педофил, силувач и предавник“.

Тој ја нарекол О’Донел „срамота“ затоа што го прашала за тие извадоци.

„Треба да се срамите што го читате тоа, бидејќи јас не сум ништо од тоа“, рекол Трамп.

Инаку, во првото интервју по нападот, во разговор за „Фокс њуз“, Трамп го опиша настанот како „многу тажна вечер во многу погледи“, но и вечер каде „се собраа многу луѓе“. Ги пофали Тајната служба и полицијата, нагласувајќи дека реагирале „вонредно“.

Трамп за напаѓачот: „Тоа е болен човек кој ги мрази христијаните“

Тој и првата дама Меланија Трамп беа евакуирани од вечера со Здружението на дописници од Белата куќа во саботата навечер, откако вооружен човек отвори оган врз безбедносниот персонал, а повреден беше таен агент.

Вооружениот човек беше Кол Томас Ален, 31-годишен Американец, кој потоа беше уапсен.

ВИДЕО | Пукање на вечера на која бил Трамп – претседателот итно евакуиран, повреден таен агент

Откако ФБИ го претресе домот на осомничениот напаѓач во Торанс, Калифорнија, градоначалникот Џорџ Чен рече дека „една личност не ја дефинира заедницата“.

Светските лидери изразија вознемиреност по нападот на гламурозната медиумска гала во Вашингтон. Британскиот премиер Кир Стармер истакна дека е „шокиран од сцените на вечерата на дописниците од Белата куќа во Вашингтон“, а слична изјава дојде и од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој посочи дека тој и неговата сопруга Сара се „шокирани од обидот за атентат врз Трамп“.

Францускиот претседател  Емануел Макрон исто така порача дека „насилството нема место во демократијата“, истакнувајќи дека му дава целосна поддршка на Доналд Трамп, оценувајќи го нападот како неприфатлив.

Светските лидери го осудија пукањето во Вашингтон: „Насилството нема место во демократијата“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот