НЦАА: Вашингтон Стејт елиминиран, нова „десетка“ за Јакимовски

фото: kfsm.mk

Екипата на Вашингтон Стејт доживеа елиминација откако загуби од составот на Орегон Дакс со конечен резултат 70:75.

Македонскиот кошаркар Андреј Јакимовски и неговиот Вашингтон Стејт застанаа во четвртфиналето од квалификацискиот турнир во Лас Вегас, за пополнување на местата кои водат во „најдобрите 64“ од овогодинешното издание на НЦАА лигата.

Во драматичен натпревар кој беше решен во последните две минути, Кугарс надополнија негатива од 19 поени разлика (15:34). Во вторито дел имаа и водство од 62:58, потоа и 70:68. Но, серијата од 7:0 за противникот во финишот го одлучи победникот.

Нашиот репрезентативец Јакимовски беше еден од најдобрите во екипата на Вашингтон Стејт. Реализираше 10 поени, исто како и на претходниот дуел, во осминафиналето, на кои додаде и по три скокови и исто толку додавања за 36 минути во игра.

Победникот во овој меч, екипата Орегон ќе игра во конференциското полуфинале против УКЛА, а Вашингтон Стејт ќе почека да недела да види дали ќе настапи на National Invitational Tournament (NIT), каде учествуваше и минатата сезона.

ВИДЕО | Maкедонецот Јакимовски постигна десет поени за Вашингтон, но остана без заб

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот