НБС најостро го осуди спречувањето на влез на динари во Косово

Српски динари / Фото: Архива на „Слободен печат“

Со особена загриженост, Народната банка на Србија најостро го осуди повтореното спречување на транспортот и дистрибуцијата на динари на Косово и Метохија и неможноста да се снабдува српскиот народ со основни средства за живот. НБС повтори дека е неопходно што поскоро да се стават вон сила дискриминаторските, незаконски и неевидентирани мерки што институциите во Приштина ги воведоа со цел да му ги оневозможат основните услови за живот на српското население на Косово и Метохија, пишува Н1.

„Решението на целиот создаден проблем несомнено би се постигнало со враќање на претходниот начин на транспорт на динари и вршење платежни трансакции на Косово и Метохија и со спроведување на одамна постигнатиот договор за начинот на извршување на транспортот на динарите што се вршеше во претходните дваесет години“.

Од НБС додаваат дека повторно им било вратено возилото со средства во динари од преминот Јариње, каде парите, требало да ги подигне фирмата „Хендерсон“, кое поседува дозвола на косовската самоуправа за превоз на пари.

„Динарските средства наменети за неопходна исплата на плати, пензии, социјални надоместоци и други исплати на Србите на територијата на Косово и Метохија беа испратени за нивна понатамошна распределба до граѓаните преку шалтерите на Поштата и Поштанската штедионица банка и банкоматите“, се наведува во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот