НБА во паника, четворица позитивни на корона

Дури 97 проценти од кошаркарите во НБА лигата се вакцинирани против коронавирус/фото: EPA-EFE/WU HONG

Челниците на НБА лигата, екипите и синдикатот на кошаркарите неодамна се договорија сезоната да се доигра во Дизниленд во Орландо под строги медицински протоколи.

Сепак, последниот развој на настаните ја доведува во прашање завршницата во НБА лигата. Екипите кои ќе учествуваат во продолжението од сезоната, 22 наместо 30 започнаа со тестирање на коронавирус на своите играчи, тренери и медицински персонал, а според влијателниот новинар Адријан Војнаровски, екипите се подготуваат за многу позитивни тестови.

Покрај Јокиќ кој се уште се наоѓа во Србија, позитивни се и двајца неименувани кошаркари на Феникс санс се позитивни по што екипата ги прекина доброволните тренинзи во пресрет на продолжението на сезоната.

Според медиумите во САД уште еден неименуван кошаркар е позитивен на коронавирус, со што се зголемуваат главоболките на челниците на НБА лигата.

Дополнителни проблеми на комесарот на НБА, Адам Силвер, му создаваат и играчите кои планираат да одбијат да играат во Орландо, а последен кој јавно објави дека нема да игра во продолжението е бекот на ЛА Лејкерс, Ејвери Бредли.


– Колку и да сум верен на клубот и соиграчите, играм кошарка и за своето семејство. Значи, во овие моменти не можам да донесам одлука со која во прашање би го довел здравјето на семејството – објасни Бредли.

Тренинг камповите за екипите ќе бидат отворени на 11. јули, а сезоната треба да продолжи на 31. јули.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот