НБА одлучи: Сите кошаркари да се вакцинираат, тие кои се против ќе плаќаат пенали

Кајри Ирвинг („Бруклин нетс“) имаше фантастична партија против Шарлот хорнетс/Њујорк, САД/ фото. EPA-EFE/JUSTIN LANE

Пред стартот на новата сезона, челниците на НБА лигата одлучи сите кошаркари кои не сакаат да се вакцинираат да ги казнува парично.

НБА лигата стартува на 16 октомври, но сè уште има играчи, меѓу кои се и некои од најголемите ѕвезди, што засега не сакаат да се вакцинираат. Челниците на лигата не сакаат да ризикуваат и поради тоа донесоа одлука сите кошаркари кои нема да се вакцинираат да бидат парично казнети.

– Во согласност со насоките на здравствените власти на САД, но и на локалните власти, НБА лигата одлучи дека сите кошаркари мора да се вакцинираат. Секој што нема да го направи тоа, нема да биде платен за натпреварите кои ќе ги пропушти. Нашиот став е јасен по тоа прашање, а се надевам дека и сите кошаркари ќе бидат ревносни по тоа прашање – изјави Мајк Вес, извршниот потпретседател на НБА за комуникации.

Ситуацијата ескалира кога играчи како Кајри Ирвинг, Бредли Бил и Ендрју Вигинс се побунија против вакцинацијата. Ѕвездата на Феникс санс, Девин Букер ќе го пропушти стартот на сезоната бидејќи е позитивен на коронавирус, но не сакаше да открие дали е вакциниран.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот