НБА кошаркар преживеа 12 мозочни и 6 срцеви удари! (ВИДЕО)

twitter.com/camillenaredo

Поранешната голема НБА ѕвезда Ламар Одом (39) за првпат зборуваше за ноќта кога завршил во кома и беше на работ дури и да го загуби неговиот живот.

Моментно е учесник на американската ријалити програма „Танц со ѕвездите“ и неговиот настап можете да го погледнете на видео записот.

Одом имаше проблем да ја изведе кореографијата, а оправданието го пронајде во комата, во која се најде поради прекумерна количина на дрога.

Пред четири години беше пронајден во една бесвесна ситуација на ранч во друштво на „зајачица“. Тогаш едвај преживеал и сега првпат ја раскажа својата верзија на таа кобна ноќ.

– Отидов на место на кое не сум имал што да барам…Претерав, и завршив во кома. Имав 12 мозочни удари и шест срцеви, но единствен траен проблем што останува е губењето на меморијата. Се колнам, јас не земав дрога таа ноќ. Не знам дали ми истуриле нешто во пијалокот, но не консумирав по своја волја – рече поранешниот кошаркар на Лејкерси, Клиперси, Мајами и Далас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот