Шокантна исповед на Одом, потрошив 100 милиони долари на кокаин

Поранешната ѕвезда на ЛА Лејкерс во 2015 година се наоѓаше на работ на смртта, откако во бордел во Невада беше пронајден издрогиран и без свест. Неколку дена Ламар Одом беше во кома и едвај остана жив. Тој успеа да се спаси, но не успеа во втората работа по која беше познат во САД, да го сочува бракот со риалити ѕвездата Клои Кардашијан.

Инцидентот во борделот во Невада, му ги отвори очите и Одом се посвети на пишувањето книга за својот живот “Од темнина до светло“ и неодамна откри дел од најинтересните детали од книгата, а воедно и од својот живот.

– Кога би требало да пресметам колку пари сум потрошил на дрога, тој износ би изнесувал околу 100 милиони долари – шокира Одом со својата изјава.

Ламар Одом кој имаше доста успешна кариера во НБА лигата, и освен двете титули со ЛА Лејкерс, ја доби и наградата за најдобар шести играч, играјќи уште и за екипите на ЛА Клиперс, Мајами и Далас заработи околу 113 милиони долари. Тоа значи дека речиси сите пари кои ги заработи, Одом ги потроши на дрога.

Поранешниот сопруг на Клои Кардашијан открива и кога за прв пат проба кокаин.

– Тоа беше кога имав секс со неколку жени. Потоа сите мои демони беа пуштени од ланец. Станав експерт во криење на својата зависност од сопругата Клои Кардашијан на која и требаше долго за да ме „фати“ – признава Ламар Одом.

Сепак, освен признаниаето дека бил зависник од кокаин, тој ја шокира нацијата со уште една изјава.
– Се случуваше да имам секс и со шест различни жени неделно и тоа без заштита. Морав да платам за голем број на абортуси. Ми беа потребни жените, не можем да се вратам во домот сам – вели Одом кој оправдување во овој порок најде во неговиот татко.

– Тоа го наследив од татко ми. И тој беше зависник од секс. Работите се влошија кога ми почина шестмесечниот син. Тоа ми беше најтешкиот момент во животот – додава Одом.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот