НБА: Грин „го прати“ Дурант во Барселона

EPA-EFE/ETIENNE LAURENT SHUTTERSTOCK OUT

Според Грин, следната сезона во НБА за Дурант би можела да биде последна во најсилната лига, а потоа можеби би се преселил во Барселона за да игра во Евролигата?!

Гласините за заминување на НБА-ѕвездата Кевин Дурант во Барселона повторно се актуелизираа, а „виновник“ за тоа е неговиот добар другар Дрејмонд Грин. За ова пишува шпанскиот медиум „Мундо депортиво“.

Според Грин, следната сезона во НБА за Дурант би можела да биде последна во најсилната лига, а потоа можеби би се преселил во Барселона за да игра во Евролигата?!

– Секако дека сум загрижен за Дурант, затоа што тој ми е брат и јас секогаш посакувам тој да е успешен, каде и да е. Без разлика дали е во Бруклин или ако реши да оди и да игра во Баселона следната година во Евролигата – изјавил Грин, кошаркар на Голден стејт, во една подкаст програма. Со тоа навестил дека Дурант можеби ќе го менува клубот.

Дурант играше за Вориорс од 2016 до 2019 година заедно со Грин. Обата играчи освоија две титули со Вориорс (2017-2018).

Треба да се каже дека Дурант го обнови договорот со Нетс за уште четири години минатиот август. Но елиминацијата на Нетс во плејофот може да биде причина за играчот да сака да си замине.

Самиот Дурант во 2019 година изјави дека би сакал својата последна година во кариерата да ја игра во Барселона. Позната е неговата склоност кон каталонскиот тим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот