Назначени нови директори на клиниките за дерматовенерологија и кардиологија

Клинички центар
Влез во Клинички центар / Фото: „Слободен печат“ - Драган Митрески

Министерот за здравство Фатмир Меџити го назначи д-р Дејан Филиповиќ за нов в.д. медицински директор на Универзитетската клиника за дерматовенерологија и д-р Беким Поцеста за нов в.д. директор на Универзитетската клиника за кардиологија.

Како што соопшти Министерството за здравство, д-р Дејан Филиповиќ од 2018 година е вработен на Клиниката како специјалист дерматовенеролог и асистент по дерматовенерологија при Медицинскиот факултет во Скопје.

Во моментот е докторанд на клиничка медицина, во областа дерматовенерологија, на Универзитет „Кирил и Методиј”, членува на Здружението на дерматовенеролози на Македонија и во Европската академија за дерматологија и венерологија.

Новиот медицински в.д. директор на Кардиологија д-р Беким Поцеста, се наведува во соопштението на Министерството, е долгогодишен специјалист по кардиологија. На Клиниката што ќе ја раководи работи од 2005 година, на одделот за интензивно лекување, како и во службата за електрофизиологија и имплантација на електростимулациски уреди.

Во 2019 година се стекнал со звање примариус, а има искуство и како директор на Кардиологија од јули 2017 до февруари 2018 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот