Фото: Слободен печат / Драган Митрески

ФОТО | Навивачите на Шкендија ја исвиркаа химната, екипата си замина без објаснување по загубеното финале на Купот

Фудбалерите на Шкендија, која вечерва го загуби финалето на Купот на Македонија од Силекс, не се појавија на подиумот за време на доделувањето на трофејот, а клубот за тоа не даде никакво објаснување. На ова му претходеше скандалозно однесување на навивачите на клубот од Тетово, кои пред почетокот ја исвиркаа македонската химна, а за време на натпреварот извикуваа недолични и националистички скандирања.

Играчите на Шкендија, откако заврши инаку коректното финале кое го загубија со 1:0, стоеја под трибината на која беа нивните навивачи, и покрај тоа што неколкупати беа повикани да дојдат на подиумот, каде што требаше да ги примат сребрените медали кои му следуваат на поразениот во финалето.

Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Потоа, додека траеше прогласувањето на победникот и доделувањето на трофејот, фудбалерите на Шкендија тргнаа кон соблекувалната.

Фото: Слободен печат / Драган Митрески
Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Тренерот на тетовскиот клуб, Јетон Беќири, се појави на прес-конференцијата, но кога беше запрашан за несфатливото и неспортско однесување кое го покажаа со неговата екипа, рече дека „не е компетентен да коментира“.

Дел од медиумите неофицијално објавија дека управата на Шкендија инсистирала фудбалерите да не се појават на доделувањето на трофејот, но дека не се знае кое е оправдувањето за таквиот потег. Претставници на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), исто така неофицијално, најавуваат сериозна казна за Шкендија по вечерашниот скандал.

ГАЛЕРИЈА | Фудбалерите на Силекс го освоија Купот на Македонија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот