Навивачите на Ливерпул во шок, се враќа голманот-киксер

твитер

Германецот Лорис Кариус повеќе не е голман на Бешикташ откако поради неисплатени плати го раскина договорот со турскиот клуб.

– Здраво на сите, денеска го раскинав договорот со Бешикташ. Срамота е што на овој начин ја завршивме соработката, но мора да знаете дека направив се за да не дојде до ова. Бев трпелив толку месеци, постојано и зборував на управата. Истото се случи и минатата годиниа, никој не се обиде да ја реши ситуацијата и поради тоа одлучив да си заминам – изјави Кариус.

Оваа вест највеќе ги разочара навивачите на Ливерпул бидејќи Германецот во Бешикташ настапуваше како позајмен играч од англискиот тим и сега ќе се врати на „Енфилд“.

Сепак, Клоп не смета повеќе на неговите услуги и ќе му овозможи на Кариус да се замине без обесштетување, а најзаинтересиран за него е тимот на Вест Хем.

Навивачите на Ливерпул не можат да му простат на Кариус за киксевите против Реал Мадрид во финалето на Лигата на шампионите во 2018 година кога „кралскиот клуб“ славеше со 3:1.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот