Навивачите на Лацио го нападнаа Имобиле, капитенот „принуден“ да го напушти римскиот клуб?!

Чиро Имобиле („Лацио“)/фото: EPA-EFE/MASSIMO PICA

Фудбалерот и капитен на Лацио, Чиро Имобиле сака да го напушти клубот, пишува „Кориере дела сера“. Причината за ова се нападите на навивачите врз него и неговото семејство.

Според некои приврзаници на римската „волчица“ 34-годишниот Италијанец е одговорен за отказот на тренерот Маурицио Сари.

Имобиле пред неколку дена остана заглавен во сообраќаен метеж со неговиот 4-годишен син и неговата сопруга во автомобилот.

Навивач на Лацио го препознал, излегол од автомобилот и почнал да го пцуе. Инцидентот многу го исплашил детето, а следниот ден неговата сопруга била навредувана на улица. Освен тоа, на социјалните мрежи веќе неколку месеци има напади против Имобиле.

Лацио ја изрази својата целосна солидарност со нивниот капитен Имобиле и неговото семејство во врска со вознемирувачките напади во последните денови.

– Спортот, а со тоа и неговата етичка вредност, мора да остане како таков: секој акт на вербално или физичко насилство мора да добие едногласна осуда, цврсто и неоправдано – се вели во соопштението на римскиот клуб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот