Наумоски: Наместо на мое место да си намести близок соработник, Арсовска си заработи тужба за клевета

Никола Наумовски и Данела Арсовска/ Фото: Колаж на СП

Шефот на кабинет на поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, бара извинување од актуелната градоначалничка на град Скопје Данела Арсовска, во спротивно – најави тужба за клевета.

Наумоски на Фејсбук ги демантира како невистини наводите на Арсовска изнесени во неодамнешно интервју дека тој трошел службени пари во кафани и бројните злоупотреби кои се направени додека бил шеф на кабинетот на Шилегов.

“Арсовска не ми го потпишува решението за отказ, иако првично бараше имејлот за отказ да и го дадам на хартија. Сега ме клевети дека сум бил на боледување. Наместо да го цени тоа што џентлменски ослободувам висока раководна позиција во администрацијата, каде може да постави свој близок соработник, што не останувам во администрацијата за да добивам плата од буџетот (како мојата претходничка), таа си обезбеди тужба за клевета.

Ама прво морам да побарам извинување.“, објави на Фејсбук, Никола Наумоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот