Научниците во САД бараат крв од излечените НБА ѕвезди за да направат вакцина

твитер

Четворица кошаркари кои беа позитивни на коронавирус успешно се излекуваа.

Двоецот на Јута, Руди Гобер и Донован Мичел, центарот на Детроит, Кристијан Вуд и бекот на Бостон, Маркус Смарт, се излекувани од коронавирусот. Тие беа првите кошаркари во НБА лигата кои беа позитивни на коронавирусот.

Американските медуми јавуваат дека научниците во САД бараат играчите да им донираат крв за да можат да направат вакцина против ковид-19 вирусот.
и НБА лигата побара тие да донираат крв која треба да помогне во експериментите за новата вакцина.

САД одамна на поминаа Кина и сега се најзагрозена земја во светот од коронавирусот со речиси 165.000 заразени лица и 3.173 починати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот