Научниците со спротиставени мислења: Дали коронавирусот може да се пренесе преку воздух?

Група истражувачи од Универзитетот во Флорида успеа да изолира жив примерок од новиот коронавирус од воздухот, што на оддалеченост од два до пет метри беше земен од пациенти, хоспитализирани поради инфекција со Ковид-19, објави Њујорк тајмс.

Научниците тоа го објавија минатата недела на интернет. Студијата се уште не е рецензирана, но предизвика дебата.

Експертите наведуваат дека не е јасно дали количеството вирус пронајдено во воздухот е доволно да зарази друго лице.

– Обидите да се земат таквите минијатурни капки најчесто го оштетуваат вирусот. Многу е тешко да се земе примерок од биолошки материјал од воздух, а да е употреблив. Мораме на паметен начин да ги собираме примероците, за да бидат слични на тие што ги вдишуваат луѓето, посочи инженерката Сели Милер, која го проучува квалитетот на воздухот и болестите што се пренесуваат преку него.

Додека вирусологот Линси Мар истакна дека тоа е доказ дека заразниот вирус опстојува во воздухот.

Претходните обиди да се истражи ширењето на Ковид-19 по пат на аеросоли беа неуспешни поради земањето на примероци. Една група успеа да го изолира вирусот, но не успеа да докаже дали вирусот е заразен.

Истражувачите од Универзитетот во Флорида земените примероци ги зачува така што прво ги зголемија со водена пареа, па ги префрли во течност полна со соли, шеќери и протеини, за да го зачува патогенот.

Истата медтодологија била применета кога биле земани примероци од болничките соби, но тогаш не успеаја да го изолираат новиот коронавирус поради присутноста на други респираторни вируси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот