Научниците потврдија! Децата интелигенцијата ја наследуваат од…

profimedia

Многу често родителите дебатираат од кого децата ја наследуваат интелигенцијата, од тато или од мама. Што вели науката на оваа тема?

Повеќе истражувања покажале дека Х хромозомот е одговорен за наследување на интелигенцијата. Жените имаат два Х хромозоми, мажите само еден, така што е двојно поголема веројатноста децата да ја наследат интелигенцијата од мајките отколку од татковците, пишува Mirror.

Досега неколку студии се занимавале со оваа тема во последните години. Истражување во Глазгов открива дека децата имаат тенденција интелигенцијата да им биде слична со интелигенцијата на мајките. Истражувачите интервјуирале исти деца секоја година од нивната 14 до 22 година, земајќи ги предвид фактите како образование и социјлно-економскиот статус. Откриле дека најдобар предиктор за интелигениција е токму нивната мајка, IQ-то на младите било околу 15 бодови поразлично од IQ-то на мајката.

Сите научници не се согласни со основниот принцип на Х хромозомите. Нагласуваат дека генетиката не е единствениот фактор во одредувањата на интелигенцијата на детето.

Според Psychology Spot, проценето е дека 40 до 60 проценти од интелигенцијата е наследна, остатокот е од нашата околина, средина на живеење. И двата родители имаат важна улога во емотивниот и интелектуалниот развој на децата, градејќи ја нивната самодоверба, играјќи со нив и учејќи ги нови вештини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот