Научниците од Оксфорд умерени оптимисти за вакцината против Ковид-19

Професорката Сара Гилберт, лидер на научниот тим од Универзитетот Оксфорд, кој бара вакцина против коронавирусот, денеска објави дека за време на тестирањето на новата вакцина, кај примателите е забележана посакуваната реакција на имунолошкиот систем, но не сакаше да прецизира кога вакцината би можела да биде подготвена за употреба.

Професорката по вакцинологија Сара Гилберт изјави дека 8.000 волонтери биле вклучени во тестовите од Фазата III за вакцината АЗД1222, за која е лиценцирана компанијата Астра Зенека.

Истражувањето е многу интензивно затоа што постои оправдан страв дека пандемијата би можела да се разгори на крајот на годината кога е зима во северната хемисфера.

Професорката Гилберт изјави дека е „80 проценти убедена” оти вакцината што ја развил нејзиниот тим ќе биде успешна против Ковид-19, пишува лондонски „Индепендент”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот