Научниците ги открија причините за најголемата експлозија во Вселената

Научниците дошле до одговорите откако откриле дека светлината од SN 2006gy (една од најпроучуваните супер-светлечки супернови) е особено силна во еден дел од спектарот.

Научниците ја открија причината за една од најголемите евидентирани експлозии во Вселената.

Супер-светлечките супернови се најсветли експлозии во Вселената. Но научниците досега не можеа да објаснат што точната е причина за нивната појава. Супернова е катастрофална експлозија на ѕвезди при кои се ослободува доволно енергија, што може да ја заслепи целата галаксија.

Според најновото истражување, светлото од ѕвездата во супер-светлечките супернови е најзабележливо кога нормалната супернова ќе се судри со материите во околината.

ФОТО: NASA

Научниците дошле до одговорите откако откриле дека светлината од SN 2006gy (една од најпроучуваните супер-светлечки супернови) е особено силна во еден дел од спектарот, или „линија“, како што ја нарекуваат. Тоа всушност, укажува на огромно присуство на железо.

-Особено интересно стана кога сфативме дека за настанувањето на овие линии потребни се големи количини на железо кои тежат колку третина од Сончевата маса, изјави астрономот Андерс Јеркстранд, професор на Универзитетот Стокхолм.

Според експертите, SN 2006gy прво била бинарна ѕвезда, односно тоа е двоен систем составен од бело џуџе со големина на Земјата и огромна ѕвезда, веројатно со големина на нашиот сончев систем. Таа гигантска ѕвезда продолжила да расте, па во еден момент почнала ја влече помалата ѕвезда која се нашла во нејзиниот центар.

Кога џуџето планета стигнало до центарот на гигантската ѕвезда експлодирала во стил на супернова. Во тој момент експлозијата допрела до материите кои ја опкружуваат, односно железото, при што се создала супер-светлечката супернова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот