Научниците предупредуваат: Сламките што многумина ги користат содржат опасни и токсични хемикалии

Фото: Wallpaperflare

Научниците тестирале 39 марки хартиени сламки на група синтетички хемикалии познати како перфлуороалкилни и полифлуороалкилни супстанции (ПФАС (PFAS)).

Наводно „еколошките“ хартиени сламки содржат долготрајни и потенцијално токсични хемикалии и можеби не се подобри за животната средина од пластичните верзии, предупредуваат научниците.

Се поголем број земји, вклучувајќи ги Велика Британија и Белгија, ја забранија продажбата на пластични производи за еднократна употреба, вклучително и сламки.

ПФАС се пронајдени во повеќето тестирани сламки, а најчести биле оние направени од хартија и бамбус, покажало истражувањето објавено во списанието „Адитиви и загадувачи на храна“ (Food Additives and Contaminants).

Истражувачкиот тим купил 39 марки на сламки направени од пет материјали – хартија, бамбус, стакло, не’рѓосувачки челик и пластика – главно од продавници, супермаркети и ресторани за брза храна.

Тие потоа биле тестирани за ПФАС.

Поголемиот дел од брендовите – 27 од 39, односно 69 отсто – содржеле ПФАС, а вкупно биле детектирани 18 различни ПФАС. Долготрајните хемикалии, потенцијално штетни за луѓето, животните и животната средина, се пронајдени во хартиените сламки.

Хартиените сламки најчесто имале во себе ПФАС, односно во 90 отсто од тестираните производи.

ПФАС бил пронајден и во четири од пет марки на сламки од бамбус, три од четири марки пластични сламки и две од пет стаклени сламки, открија белгиските научници.

Не се откриени во ниту еден од петте видови челични сламки.

Научниците предупредиле дека хемикалиите може да се акумулираат во телото во текот на многу години.

Хемикалиите се поврзани со голем број здравствени проблеми, вклучувајќи послаб одговор на вакцините, помала тежина на фетусот, болести на тироидната жлезда, зголемено ниво на холестерол, оштетување на црниот дроб, рак на бубрезите и рак на тестисите, пишува „Ен-би-си њуз“.

Присуството на ПФАС во повеќето хартиени сламки се следи затоа што се користеле како водоотпорна обвивка, во некои случаи, додаваат истражувачите.

Присуството на хемикалии во речиси секоја марка на хартиена сламка значи дека веројатно во некои случаи се користиле како водоотпорна обвивка, велат истражувачите.

Студијата не испитала дали ПФАС може да истече од сламките во течноста.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот