Научна фантастика, историска драма и хорор: Новата мини-серија веќе ја споредуваат со „Чернобил“

Youtube/принтскрин

Поминаа три години откако се најави адаптацијата на научно-фантастичниот класик, а пред неколку дена Би-би-си конечно го објави трејлерот за „Војна на световите“ (The War of the Worlds).

Во серијата од три епизоди која се темели на култниот роман на Х. Г. Велс глумат Раф Спал (Black Mirror), Елеaнор Томлинсон (Poldark) и Роберт Карлајл (Trainspotting), а првиот трејлер изгледа прилично спектакуларно.

„Дами и господа, изгледа дека нешто пристигна во Англија”, најавува гласот во првиот трејлер, пред да почне да се шпекулира за што се работи, верувајќи дека станува збор за ѕвезда што паѓа.

Секако, фановите на класичните приказни знаат дека не се работи за ѕвезда која паѓа. Лондон и околината се соочуваат со ескалирачки терор од инвазија на вонземјани, борејќи се за живот против непријателот кого не го разбираат.

Мини-серијата е сместена во едвардијанското доба (1901-1914) и ги следи Џорџ и неговата партнерка Ејми, кои почнале да живеат заеднички живот со постариот брат на Џорџ, Фредерик и астрономот и научник Огилвија.

,,Верзијата на Војната на световите, која сакав да ја направам и да ја прикажам е најблиску до духот на книгата, но во исто време современа, изненадувачка и полна со возбуда“, вели писателот Петар Харнс додека ја најавуваше адаптацијата на својата приказна.

Судејќи според трејлерот, го исполни ветувањето. Погледнете го.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот