НАТО со тим ќе и помага на С. Македонија во справувањето со хибридните напади и дезинформациите

Нато ЕУ и Македонско знаме / Фото: ,,Слободен печат'' - Драган Митрески

НАТО и сојузниците се подготвени да и пружат на Северна Македонија техничка поддршка и посилна соработка во однос на справувањето со различните видови на хибридни закани со кои се соочува земјата вклучително и борбата против дезинформациите. Ова го истакна генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг на вчерашната прес-конференција пред состанокот на НАТО Министрите за надворешни работи, одговарајќи на новинарско прашање поставено во однос на нападите врз виталните институции на Северна Македонија и лажните дојави за бомби.

„Неодамна, всушност, разговарав за ова прашање и со премиерот на Северна Македонија и, се разбира, НАТО е таму за да им помогне и да ги поддржи сојузниците бидејќи сега обезбедуваме помош и поддршка за Северна Македонија која се соочува со различни видови хибридни и киберзакани. Поддршката што НАТО и сојузниците се подготвени да ѝ ја пружат на Северна Македонија вклучува техничка поддршка и посилна соработка за борба против дезинформациите“, кажа Столтенберг.

Генералниот секретар на НАТО истакна дека НАТО и сојузниците се подготвени да дадат техничка поддршка на земјава, како и засилена соработка за борбата со дезинформациите.

„Сакам да ја пофалам Владата на Северна Македонија за брзата и детална работа во развивањето на програмата за соработка што ја договоривме“ рече Столтенберг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот