Наташа Беквалац итно хоспитализирана: На познатата пејачка ѝ се слошило!

„Сите се исплашивме за Наташа. Не знаевме што и е…“

Наташа Беквалац била приморана на кратко да ги запре подготовките за концертот закажан за 14 февруари во Белград, бидејќи и се слошило по што итно била однесена во болница, пишува српски „Курир“.

– Сите се исплашивме за Наташа. Не знаевме што и е. Постојано чувствуваше мачнина, имаше нагони на гадење и се виткаше од болки. Ја однесовме веднаш во болница. Некој не можеше да претпостави дека се отрула со храна. Бевме во шок кога ми соопштија дека мора да и го исчистат желудникот. За среќа се се’ заврши брзо. Кратко беше задржана во болница, прими неколку инфузии и е пуштена дома да мирува. Наташа инаку внимава што јаде, особено сега пред концертот, но ние инсистиравме да земе брза храна за да јаде било што бидејќи целиот тим брзаше, открил  извор близок до пејачката.

Инаку, Беквалац на 14 февруари во Белград за прв пат ќе го одржи својот голем солистички концерт на кој работи напорно периодов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот