Наташа Беквалац / Фото: Инстаграм/Наташа Беквалац

Наташа Беквалац искрено: „Седум години сум сама и се плашам повторно да се поврзам“

По една од најинтензивните години во нејзиниот живот, српската пејачка Наташа Беквалац во големото интервју за „Курир“ без задршка зборува за успесите, болките, стравовите и личните победи што ја обликувале како жена и мајка.

По цели десет години, Беквалац објави нов албум, кој брзо ја разбранува музичката сцена. Таа признава дека воопшто не размислувала комерцијално.

„Успеав да не калкулирам и да не мислам на крајната цел, туку навистина сите заедно да создадеме уметност – не само музика, туку и слика. Јас сум Вага, а на Вагите им е важна и сликата, не само тонот“, вели пејачката.

Омотот за нејзиниот најнов студиски албум – „Мама“ / Фото: Инстаграм/Наташа Беквалац

Голема животна промена за неа била заминувањето на ќерката Хана на студии во Шпанија. Иако разделбата тешко ѝ паднала, вели дека не сакала да ја сопре.

„Тешко ми е, но не сакав да ја кочам во остварувањето на нејзините соништа. Таа сака нејзиниот живот да биде во нејзини раце и јас тоа го почитувам“, раскажа пејачката.

Мирот го наоѓа на семејниот салаш во Ченеј, место со кое е длабоко емотивно поврзана.

„Овој имот ми дава мир. Тука ги одгледав моите деца, тука се чувствуваме слободно и свои“, вели таа, додавајќи дека сака нејзините деца да имаат детство какво што денес ретко се гледа.

Наташа Беквалац со ќерка ѝ Хана / Фото: Инстаграм/Наташа Беквалац

За мајчинството зборува искрено, без идеализации.

„Јас сум мека мајка, попустлива. Секојдневно грешам, но учам да поставувам здрави граници – затоа што недоследноста е најголемата грешка во воспитувањето“, сподели Беквалац.

Кога станува збор за љубовта, пејачката открива дека веќе седум и пол години е сама и не го крие стравот од врзување.

„Стравот ми е позната емоција и знам дека е точка на раст. Кога ќе излезеш од зоната на комфор, мора да чувствуваш страв“, вели таа.

Наташа Беквалац / Фото: Инстаграм/Наташа Беквалац

Таа јасно порачува дека не бара „подобра половина“: „Не сум половина, јас сум целина. Добро функционирам сама, финансиски сум независна од 19 години, сама ги одгледувам моите деца“.

Сепак, признава дека човечката потреба за блискост постои.

„Не ми недостига маж за да преживеам, но понекогаш помислувам колку би било убаво некој да се грижи за тебе, да те сака и да ти даде чувство на сигурност“, вели таа.

За 2026 година нема големи желби, освен една: „Сакам што повеќе мир. Не ми треба поголем стан, подобар автомобил или повеќе патувања. Сè ми е таман. Сакам околу себе луѓе на мојата фреквенција, а оние што тоа повеќе не се – да не ми бидат блиску“.

ВИДЕО | Градоначалникот на Бања Лука ги забрани сите настапи на раперот Десингерица и воведе казни до 50.000 евра

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот